Светскиот боксерски совет (ВБЦ) ќе го промовира специјалниот шампионски појас „Бриџер“ на мечот меѓу Лукаш Розански и Ален Бабиќ, дознава ИФЛ ТВ.
Борбата меѓу двајцата полутешкаши ќе се одржи на 22 април во Жешов, Полска.
Посебното име на титулата доаѓа од приказната за 6-годишно дете по име Бриџер Вокер. Во 2020 година тој ја спаси својата 4-годишна сестра од напад на куче, а потоа беш обезличен од жестокиот напад на животното. Приказната се здоби со светска популарност и служеше како пример, и во боксот и на кое било друго место, каде што луѓето покажуваат таква несебична храброст.
Појасот Бриџер беше оспорен за прв пат во април 2021 година помеѓу Џовани Брузон и Хозе Херман Гарсија Монтес.
Условите за учество се борците да бидат меѓу 91-102 кг, што е практично во полутешка категорија.