Азиз Исмаил: Противникот апсолутно не исполни ништо за да добие поен, додека јас имав кизаме кое се гледа на снимката (ВИДЕО)

Каратистот на Металург Азиз Исмаил (-75 кг) вчера загуби минимално во второто коло на Карате 1 А серија лигата во Гвадалахара-Шпанија, од петиот на светската ранг листа Ерман Елтемур (Турција) со 0-1, но, како што вели тој, по заслуга на судиите. Исмаил се уште не може да се помири со поразот.

„Борбата беше исклучителна со многу контрола, без многу шанси, односно тесна и многу неизвесна. На снимката ќе можете и самите да видите, ова беше нападот по кој се одлучи победникот на мечот, при што противникот апсолутно не исполни ништо за да добие поен, додека јас имав кизаме техника која се гледа на снимката.

Еден судија крева знаме, но внимавајте на судијата којшто е горе, најлево, како го пушта второто знаменце и го подржува неговиот колега. Без да знае што се случува во борбата, или да бидам подиректен, ниту ја виде акцијата, а го подржа неговиот колега, колку да не остане на празно“, објаснува Исмаил кој смета дека ако ја добиел таа борба ќе имал шанси да направам подобар пласман и подобри борби,иако се бореше болен тој водеше неизвесна борба со еден од најдобрите во оваа категорија.

https://www.facebook.com/aziz.ismail1/videos/10208991388020381/

„Задоволен сум од прикажана борба во смисла што цело време имав концентрација и во ниту еден момент не дозволив противникот да направи шоу. Сепак, тоа веќе помина, јас одам со многу јако темпо да се подготувам за Државното првенство и за следните Карате 1 предизвици. Сепак, благодарам на Ипон.мк на ангажираноста и на поддршката за ова неспортско судење од страна на ВКФ судиите на ова натпреварување“, вели Исмаил.

Видетото може да го погледнете и на овој ЛИНК.

Исто така на судењето се жали и Ненад Ќелебиќ од Цветан Димов.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON