Авдил Салиху е избран за менаџер на годината од „Про боксинг Македонија“

Авдил Салиху е избран за менаџер на годината од „Про боксинг Македонија“ и мечмејкер за 2019 година од страна на Професионалната боксерска федерација на Македонија „Про бокс“.

До овој успех Салиху дојде по успешни настапи со неговите боксери кои ги менаџира на многу јаки настани во Германија, Швајцарија, Италија и во неколку други европски земји. Беше главен актер за организирање на светската титула во бокс на ВБФ.

Според Салиху, оваа година организирал 27 професионални натпревари и има добиено пет професионални боксерски борби и без ниту еден пораз. Во таа насока го истакнува Арбен Шемалари кој постигна 5 триумфи за 5 месеци под раководство на „Арена ринг менаџмент промоцијата“.

„Јас сум многу среќен за оваа награда. Посветеноста, пожртвуваноста, стресовите беа успешно наградени и затоа му се заблагодарив на човекот број еден, Дарко Чатлески од „Про бокс Македонија“ кој од почеток веруваше во мене и ме поддржуваше, затоа добив и лиценца за Менаџер и промоторот“, вели Салиху, додавајќи дека им се заблагодарува и на своето семејството и на Азиз Салиху и Фатон Салиху, кои секогаш биле тука за разни консултации.

„Оваа професија бара многу добри контакти и односи со различни менаџери и промотори ширум светот, и, за среќа, создадов добра група и соработката се одвива како што треба. Годинава имав 8 меча со моите боксери и сите ги победивме, додека меѓу нив имав и мечмејкинг мечеви со европски боксери, а и посдредував за организација за светската титула на ВБФ/WBF, но не се одржа во последен момент, затоа што еден од боксерите се повреди. Се чувствував лошо, но боксот е таков не се знае до последен ден што може да се случи поради повредите“, рече Салиху, кој има големи планови за во иднина.

„Во 2020 година планирам да организирам два големи настани, еден во Визбаден – Германија и друг во Македонија. Со мојот боксер Шемалари планирам да се бориме за титулата. Исто така, заедно со Дарко Чатлевски, планираме да имаме многу активности во Македонија во 2020 година, меѓу другото ќе направиме и филтрирање за да ангажираме нови боксери во професионалниот бокс, нормални само тие кои го заслужуваат тоа и имаат квалитет “.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON