Каратистите на Астибо освоија два златни и по еден сребрен и бронзен медал на Меѓународниот турнир „Гази Баба опен 2018“ кој се одржа денес во Скопје.
Медалите се освоени и во кати и во борби.
Ката тим 10-11 години во состав:Тамара Ристовска,Барбара Богатинова и Јована Саздовска – сребрен медал;
Ката тим кадети состав: Кристина Спасовска ,Леона Митева и Ана Марија Госхева – златен медал;
Ката поединечно: Николов Давид 11-12 год. – бронза.
Борби: Наум Јованов – У – 21 – злато.
На турнирот учествуваа и Митева Антонела и Викторија Андонова.
Ipon.mk