Шефот на УФЦ Дaна Вајт објави дека Џон Џонс, откако го победи Стипе Миочиќ во ноември, следната одбрана на титулата во тешка категорија е против Том Аспинал.
Иако се уште нема конкретни информации, Англичанецот во видео на својот канал на Јутјуб откри дека во следните неколку недели ќе се знае многу повеќе за нивниот потенцијален меч.
„Чекаме УФЦ да направи конкретен чекор. Максимално сум фокусиран и тренирам за да бидам максимално подготвен за тој меч. А можевме многу брзо да договориме датум. Никогаш не знаеш кога би можел да победиш во следната борба“, рече Том Аспинал и продолжи:
„Знам кој треба да ми биде противникот, но не знам кога ќе се случи мечот. Сè уште немаме датум. Тренирам, го подготвувам телото и умот за следниот противник. Треба да знаеме повеќе во следните неколку недели, но засега е добро“.
Не е тајна дека Боунс бара висок хонорар за мечот против големиот англиски борец, но тоа не би требало да биде проблем за Вајт, бидејќи навивачите сакаат да ја видат нивната пресметка.
Да додадеме и дека настанот УФЦ 311 сепак ќе се одржи викендов во Лос Анџелес, како што беше планирано, без оглед на пожарите во градот и околните места, кои досега однесоа 16 животи, потврди шефот на најголемата светска ММА промоција.
„Ако ситуацијата со пожарот се влоши, одиме во Лас Вегас. Но, засега одлуката е да остане во ЛА. И НБА се враќа во градот оваа недела, па и ние остануваме тука“, изјави Дана Вајт.
🚨 Dana White says they’ll be moving #UFC311 to Las Vegas if the fires in LA get too bad, but as of right now “it’s all a go”
🎥 @adinross #UFC #MMApic.twitter.com/21jwkR0dVv
— Championship Rounds (@ChampRDS) January 12, 2025