Аспен Лад се тресеше на мерењето, па УФЦ ја откажа борбата (ВИДЕО)

Борбата помеѓу Аспен Лад и Мејси Чиасон е откажан во рамки на УФЦ поради лошата физичка состојба на Лад. 

Таа синоќа на мерењето во Лас Вегас не можеше ниту да ги крене рацете на вагата и почна да се тресе неконтролирано. Лад беше измерена на 63 килограми, а нејзината борба е во категоријата до 61 килограм.

Очигледно е дека таа се обидела да ја „скине“ килажата со опасен режим на исхрана и мало количество на течности, па затоа изгледаше очајно лошо за време на мерењето и немаше сила ниту да ги крене рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON