Младите кикбоксери на Ас од Делчево освоија 1 златен и 4 бронзени медали на Меѓународниот куп „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија.
Павел Стојчевски (-32 кг) во кик лајт го освои бронзениот медал во пионерска конкуренција, додека во кадетска конкуренција Дилан Ивановски (-37 кг) се закити со злато, а Лука Ангеловски (-57 кг) и Филип Димитровски (-63 кг), Матеј Манов (-69 кг) кик лајт освоија бронзи.
Ас настапи со 6 натпреварувачи од кои тројца дебитираа во пионерска конкуренција. Христијан Димитровски (-37 кг) не освои медал.
КБК Ас го предводеше тренерот Љупчо Стојчевски кој и беше судија на турнирот.
Ipon.mk