Арум: Џошуа против Руиз беше смешен

Промоторот Боб Арум за настапот на Ентони Џошуа против Енди Руиз во Саудиска Арабија ја издвои неговата единствената позитивна работа за остварување на целта и за враќање на светските титули.

„Мислам дека беше смешен. Го направи она што мораше за да победи, но има уште 15 тешкаши кои ви паѓаат на памет кои во саботата можеа да бидат со Руиз во рингот и да ја направат истата работа“.

„Целта му беше да ја добие борбата и за тоа го избра најлесниот можен начин. Единствениот начин на кој можеше да изгуби беше да влезе во размена на удари со Руиз“.

Арум е промотор на најверојатно следниот противник на Џошуа, задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Кубрат Пулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON