Артур против Нилсен: Се уште не сум подготвен за пензионирање

Артур Абрахам (46-6, 30 КО) првиот меч по поразот од Крис Јубенк Јуниор во јули минатата година ќе го имаво Офенбург – Германија на 28 април.

38-годишниот Ерменец во рингот ќе влезе со Патрик Нилсен (29-2, 14 КО).

Дванаесетгодишниот Данец во мечот влегува откако беше поразен во претходната борба. Минатиот октомври во Лондон беше нокутиран од Џон Рајдер (25-4, 13 КО) во 5-тата рунда. Тоа му беше вториот пораз во кариерата. Првиот го дожиева во 2014 година на поени од Дмитри Чудинов во битката за привремената титула во средна категорија на ВБА.

„По последната борба разговарав со мојот тренер Ули Вегнер и тој ми помогна при донесувањето на одлуката. Сè уште не сум подготвен за пензионирање! Се уште има работи кои сакам да ги остварам во боксот, а најмногу од сѐ сакам повторно да станам светски шампион“, рече „Кралот Артур“.

За време на неговата кариера Абрахам го освојуваше светските титули во средна и суперсредна категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON