Артур Бетербиев ги воодушеви навивачите со одлична вежба на отворениот тренинг (ВИДЕО)

Во сабота во Саудиска Арабија ќе се одржи голема боксерска манифестација која ќе ја предводи борбата за апсолутен шампион во полутешка категорија меѓу непоразените Артур Бетербиев и Дмитри Бивол.

Интересен меч од различни стилови, технички совршениот Бивол и одличниот нокаутер Бетербиев, кој со прекин ги совлада сите 20 противници.

Ударната моќ на 39-годишниот Артур е фантастична, за што многу добро знаат неговите противници, а дел од физичката подготовка ја презентираше на отворен тренинг.

Имено, во рингот изведе вежба во која се исфрлаше од земја, постојано менувајќи ја положбата на дланките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON