Заврши „најдобриот боксерски меч на денешницата“. Артур Бетербиев и Дмитри Бивол конечно ги вкрстија ракавиците во мечот за обединување на светските титули во полутешка категорија (-79,4 кг). Артур Бетербиев победи, остана непоразен и стана апсолутен светски шампион во полутешка категорија.
За Бетербиев ова е 21. победа во професионалниот бокс и на неполни 40 години ја круниса својата голема кариера. Дмитри Бивол го забележа првиот пораз во својот 24. професионален настап. По 12 фантастични рунди, Бетербиев победи со мнозинска одлука на судиите. Еден судија ја бодуваше борбата нерешено (114-114), но другите двајца судии го пресудија во корист на Бетербиев (116-112, 115-113).