Артур Бетербиев: Дали Бивол се жали на одлуката на судиите? Нека се жали!

Апсолутниот светски шампион во бокс во полутешка категорија Артур Бетербиев истакна дека тимот на Дмитри Бивол има право да поднесе жалба против резултатот од нивната борба доколку сака.

Ноќта во неделата на 13 октомври, Бетербиев во Ријад со одлука го победи Бивол и ги обедини шампионските титули на ВБЦ, ВБО, ИБФ и ИБО. Така тој стана неприкосновен шампион во полутешка категорија. По мечот, менаџерот на Бивол, Вадим Корнилов изјави дека тимот има намера да поднесе жалба против одлуката на судиите.

Бетербиев неодамна учествуваше на прес-конференција во рамките на форумот „Русија – спортска сила“, што се одржа во Уфа.

„Порано не ги чекав одлуките на судиите, туку победував со нокаут. Што се однесува до протестот од тимот на Бивол, нека протестираат. Не размислував за семејните проблеми на Бивол и неговата поранешна сопруга. Тие нека се грижат за себе По боксот, не би сакал да вежбам други боречки вештини.

Го разбирам интересот на луѓето кои ја сакаат втората борба Бивол – Бетербиев. Тоа е многу добро. Но, би сакал да одморам две недели без бокс, па ќе разговараме. Следната битка не зависи од мене. За противниците ќе зборуваме подоцна“, изјави Бетербиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО