Артeм Вахитов официјално во јуни ќе се премине во ММА.
Двократниот шампион во перо категорија наГлори и последниот човек кој го победи поранешниот шампион на УФЦ, Алекс Переира во кик бокс, ќе влезе во кафезот за да се бори со Ашраф Башанди во перо категорија. Мечот на 11 јуни ќе биде главен на Опен ФЦ 31 во Шерегеш, Русија.
Вахитов има скор во кик бокс од 23 победи, од кои 8 со нокаут и само 6 порази. 32-годишниот удирач ја одбрани титулата Глори пет пати помеѓу 2016 и 2019 година, пред да ја загуби со поделена одлука од Переира во 2021 година.
Вахитов 8 месеци подоцна му се реваншира на „Поатан“за поразот, победувајќи го со мнозинска одлука, со што си го врати појасот, испраќајќи го Бразилецот во УФЦ со пораз. Артем се раздели со ГЛОРИ и стана слободен агент во средината на 2022 година.
Тој беше отворен за евентуално да го направи своето ММА деби под банерите на УФЦ или ПФЛ, но на крајот ќе дебитира во Русија. Башанди ќе го има своето професионално деби во ММА откако се натпреваруваше 5 пати во аматерски ММА борби, забележувајќи скор од 4-1, 3 победи се со завршница.
View this post on Instagram