Артем Вахитов ја брани титулата на Глори против Илунга

Артем Вахитов по четврти пат ќе ја брани титулата на Глори во полутешка категорија против Дања Илунга.

Борбата ќе се одржи на Глори 56 на 10 август во Денвер.

Овој избор на за првакот од Русија е доста изненадувачки, бидејќи Глори има и привремен шампион во категоријата до 95 килограми, Павел Журавлев.

Вахитов и Илунга се бореа во Милано во 2015 година и Рускинот победи со едногласна одлука на судиите.

31-годишниот Илунга по победата против Бас Вортенбош во март го објави крај на неговата кариера. Сепак, повторно настапи за Глори во Бирмингем во јуни и со одлука на судиите славеше против Фрејзер Вејтман. Во претходната борба на Глори го нокаутира Михаела Дут во третата меѓусебна средба.

Во периодот од 2015 до 2017 година, имаше серија од седум последователни порази.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON