Арта Буши обезбеди место во репрезентацијата, на Балканското и Европското првенство оди на медал

Арта Буши од Кеикс обезбеди место во карате репрезентацијата за Балканското и Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година (У-21) и е време да се докаже и на европската сцена.

„ Кога некој пола чес пред тренинг е во сала, подготвен за тренинг, е јасен показател за врвен спортист, а тоа е Арта Буши“, вели нејзиниот тренер Елвир Куртановиќ.

За оние кој го следат спортот во регионот Арта Буши не е ново име во спортот, иако е само 14 години таа веќе има богата спортска историја.

„Во категоријата кадетки -54 кг Арта е државен првак и севкупен победник на Плеј- офот, што и обезбеди виза да учествува на престојното Балканско првенство во Словенија од 6-8 декември. Првата недела во февруари 2020 година во Будимпешта ќе се одржи Европското првенство за кадети, јуниори и У-21, на кое Арта обезбеди пласман и за кое ќе се подготвува максимално“, истакнува Куртановиќ.

Арта истакнува дека ќе тренира уште повеќе за Европското првенство.

„Ова го очекував и ветувам ќе го дадам својот максимум и во подготвките за ова натпреварување и на самиот натпревар“, потенцира Буши.

Таа вели дека има целосна подршка од нејзиното семејство.

„Дома, сите го сакаме спортот и посебно со голем интерес сите ја следат мојата кариера. Ме следат на сите натпревари и таа поддршка ми дава посебен мотив и сила секогаш да ги исполнам очекувањата. Не можам да ја изоставам и подршката од моето училиште, професорите и учениците од цело училиште, кои секогаш кога ќе се вратам од некој натпревар ме прашуваат за резултатите. Ние сме клуб во кој покрај тренинзите има и многу дружење, а и се поддржуваме еден со друг, затоа и се сите овие добри резултати“, нагласува Арта.

Арта Буши има само 14 години е одличен ученик во прва година, како во училиште така и во спортот со голема желба, труд и дисциплина ги постигнува одличните резултати.

„Ова е пример за младите дека време има за се. Само, не треба да го трошиме за нешто што не враќа назад или не држи во место. Затоа насочете се кон позитивните нешта кои секогаш ќе ви причинуваат задоволство и чуство на возвишеност. Не е тешко, обидете се“, порача Арта.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON