Арман Царукјан тренира со Абдулрашид Садулаев

Ѕвездата на УФЦ во лесна категорија Арман Царукјан тренира со живата легенда Абдулрашид Садулаев.

Царукјан моментално е суспендиран на 9 месеци од Спортската комисија на Невада, откако во април удри навивач на УФЦ 300. Арман ќе може да си ја намали казната на 6 месеци, но доколку се приклучи на кампањите против малтретирање. Од штабот на Ерменецот открија дека тој ќе го стори тоа за да може да се бори во октомври.

Потоа УФЦ ќе гостува во Абу Даби, каде најверојатно Царукјан ќе се бори со Ислам Махачев. Царукјан и Махачев се пресметаа во 2019 година на гала вечерта на УФЦ во Русија. Ова беше деби борбата на Царукјан во УФЦ. Успеа да му отежне на Дагестанецот, но на крајот загуби со одлука.

Оттогаш Арман забележа 9 победи и само 1 пораз во организацијата. Ова му донесе шанса за титулата и сега тренира со Садулаев.

„Со најдобриот борач на светот“, напиша Царукјан на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arman Tsarukyan (@arm_011)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON