Арман Царукјан е категоричен дека е следен во редот за титулата во лесна категорија.
Арман неодамна беше казнет од Спортската комисија со 9 месеци и парична казна. Тоа се случи откако Царукјан удри навивач на пат кон кафезот на УФЦ 300 во април. Малку подоцна Царукјан му се извини на дотичниот навивач и двајцата се помирија, но тоа не ја омекна комисијата.
Комисијата е подготвена да ја намали казната на 6 месеци, но тој мора да учествува во кампањи против малтретирање. Ако го направи тоа, тогаш ќе може да се бори по 12 октомври годинава. Од штабот на Арманд потврдија дека ќе се борат за оваа помала казна да се борат оваа година.
Во последните денови Чарл сОливеира и Дастин Пориер повикаа на нова шанса против Дагестанецот. Ова не му се допадна на Царукјан кој излезе со објава на социјалните мрежи.
„Јас сум следниот кој ќе се бори за титулата. Останатите можат да почекаат. Јас ќе ја освојам титулата“, напиша Царукјан.
Махачев веќе има една победа со одлука против Царукјан, но пред повеќе години. Сега и двајцата се подобрија, што ја прави втората битка уште поинтересна.
Да се потсетиме на нивната прва борба: