Арман Царукјан изненади со изјавата: Ако го победам Махачев, завршив со овој спорт. Само ова ме интересира после тоа

Овој викенд ќе гледаме одличен настан на УФЦ 311, предводен од борбата за титулата во лесна категорија. Ислам Махачев ќе го брани појасот против Арман Царукјан, борец што го победи во 2019 година. И двајцата оттогаш се подобрија многу, па овојпат очекуваме уште подобар меч.

Ова е голем предизвик и можност за Царукјан, но се чини дека нема амбиции да биде шампион и да владее долго време со категоријата. Денеска рече дека целта му е прво да го победи Махачев овој викенд, а потоа да заврши со спортот:

„Мојата единствена цел е да го земам појасот, а потоа ме интересира само бизнисот бидејќи во тој случај ќе го постигнам она што го сакам, да станам светски шампион. Сега сум фокусиран исклучиво на Ислам и кога ќе победам овој викенд, завршив со овој спорт. Ќе ме интересираат само борби за бизнис и ќе се борам со кого УФЦ ќе ми плати најмногу“, рече Царукјан во поткастот „Пунд 4 паунд“.

„Тоа ќе бидат чисто деловни работи, а не спортски. Сега ме интересира наследството зошто сакам да станам шампион, после тоа е само бизнис. Откако ќе станам шампион ќе зборувам само за пари“, заклучи предизвикувачот.

Ќе видиме викендов колку е паметно трчањето исклучиво за пари. Махачев дефинитивно не е борец кој лесно ќе се победи и фокусот треба да биде единствено на тоа, но секако, има право да зборува за пари доколку тоа му е целта. Само е тажно што таков борец ќе заврши со спортот ако победи, но секој има свои приоритети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО