Арлинд Хусеини: Задоволен сум од среброто на Смилковски, но можеме и повеќе, бидејќи имаме потенцијал

Селекторот на репрезентацијата до 21 година не го крие здоволството од остварениот резултат на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тампере-Финска, изминатиов викенд – вицешампионската титула на Столе Смилковски, но истакнува дека потенцијалот е поголем и жали што Бериз Куртновиќ, Магдалена Божиновска и Марија Милева не се закитија со медали. Сепак, тој оценува дека оваа генерација може да оствари резултати и во сениорска конкуренција.

Дали сте задоволни од настапот на нашите репрезентативци на Европското првенство?

– Како селектор на У-21 очекувањата беа повисоки , поради тоа што во изминатиот период имавме сериозни резултати особено во 2019 година. Тогаш имавме два златни медли, а тоа е историски успех, Доан Османи (-75 кг) и Петар Спасеновски (-84 кг) се творците на тоа исторко Европско првенство. Сепак, презадоволителен резултат, но и резултатот на целата репрезентација, и за нас како селектори и на Карате федерацијата на Македонија.

– Сребрениот медал на Столе Смилковски во категоријата – 67 кг, кој буквално во секоја борба беше сериозен, дисциплиниран во секоја секунда, а тоа позитивно резултираше речиси во секој напад и противнапад… Значи 6 професионални борби на Смилковски од кои 5 победи и еден пораз од репрезентативецот на Турција. Треба да потенцирам дека возрасната категорија У-21 е сериозна, пред се, заради сениорските правила на кои настапуваат натпреварувачи на премиер лиги, европски и светски сениорски првенства, така што резултат или медал во У2-1 не е мала работа, туку е висок резултат, без разлика што имаме само едно одличје. Сепак е финале на Европско првенство и многу е вредна. Задоволен сум од настапот на Столе Смилковски. Му честитатам како негов селектор, на неговиот тренер Александар Кузмановски кој е актуелен селектор на кадети и јуниори и се надевам дека ќе продолжи нижи резултати.

– Поблизу до медал беа Бериз Куртановиќ, Магдалена Божиновска и Марија Милева. Во категорија +84 кг Бериз Куртановиќ имаше две одлични борби, тактички победи против каратистот од Русија во првото коло и против Германецот, борба која ја доби со убедлив резултат од 10-2. Потоа во трето коло беше поразен од репрезентативецот на Турција со 0-1, па следуваше репасаж, но не успеа да влезе во борба за бронза. Му недостигаше многу малку, но поради повреда на левата нога не можеше да го даде максимумот и заврши на 7-то место, кој според мене не е задоволителен резултат, поради тоа што Бериз има капацитет за повисоки остварувања.

– Магдалена Божиновска (-61 кг) во првото коло слевеше над натпреварувачка од Кипар со резултат 5-2, во второто коло против Норвежанка со високи 8-2, а во третото беше поразена од репрезентативката на Луксембург со 7-4. Следуваше борба во репасажот, во која претрпе пораз од полската натпреварувачка од 3-1 и на крајот го освои 7 место. Исто така не можам да речам дека сум задоволен од Магдалена, поради тоа што со неа на ЕП влеговме со големи амбиции, за да направиме резултат, но да се надеваме на подобро.

– Марија Милева (-55 кг) во прво коло извојува победа над каратистката од Шпанија 3-0, во второ против Унгарка до последните мигови имавме сигурна победа со резултат 2-0, но доби удар со нога, кој беше изненадуваки, но сепак поен со кој изгубивме со 3-2. Таа отиде во финале и на Марија и следуваше репасаж кој исто така не го искористивме, поради поразот од 7-1. Имаме потенцијал, но само треба да го искористиме. Им честитам на сите натпреварувачи кои имаа одлична атмосфера и беа мотиварани за резултат на ова значајно првенство  Останатите натпреварувачи што не направија резултат, не значи дека се некавалитетни. Напротив, тие се многу квалитетни, не случајно се државни шампиони. Се надевам дека во иднина со повеќе работа и ќе имаат и среќа.

Можевме ли повеќе?

– Нормално дека можевме повеќе. Тоа го реков и погоре, дека како репрезентација во глобала имаме висок потенцијал и квалитет на клубови, тренери и натпреварувачи кои во последно време се рангирани со најсериозните земји во Ервропа. Сепак, не се посрамотивме, туку, напротив, се боревме до крај, како што и личи на една репрезентација која е рангирана на 10-тото место на ранг листа од 45 земји учесници на ЕП и вкупни 1080 натпреварувачи. На крај, благодарнист до КФМ, ние како селектори (Арлинд Хусеини У-21, Александар Кузмановски кадети- јуниори и Стојан Андриевски кати) дадовме максимум во сите аспекти и нашиот преставник светскиот судија Боби Војдиновски.

Каква е перспективата на оваа генерација која веќе има настапи и во сениорска конкуренција?

-Голема е перспективата на оваа генерација, нема да згрешиш на никого од сите категориии, што значи дека сите овие деца што беа на Европското можат да одговорат на медалот, односно да остварат врвен резултат. Имаат висок квалитет и верувам дека ќе продолжиме со резултати и на други лрвенства, а зошто не и во сениорска конкуренција. Ние сме мала држава но со големо срце… нема застанување, одиме само напред!

Во оваа насока сакам да ги потенцирам успесите на помладите каратисти Матеј Белистојаноски – бронзен медал во кадетска конкуренција, Андреј Басаров сребрен медал, јуниор и златниот медал за Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција, а воедно им честитам за медалите и им посакувам да продолжат со поголем ритам и да продолжат со освојување на одличја на наредните првенства.

Резултати У-21 на ЕП 2021:  

-67 кг
Столе Смилковски – Алекс Ортиз де Зарате (Шпанија) 4-1
Столе Смилковски – Макар Натицки (Естонија) 2-0
Столе Смилковски – Матијас Брунер (Швајцарија) 4-2
Столе Смилковски – Хусеин Мамаадли (Азербејџан) 4-1
Столе Смилковски – Егор Пулкин (Русија) 2-0
Финале
Столе Смилковски – Алтунер Јилмаз (Турција) 0-3

-50 кг
Марија Петровска – Елизавета Григорева (Русија) 0-1

-55 кг
Марија Милева – Сња Переира (Шпанија) 3-0
Марија – Милева – Софија Барањи (Унгарија) 2-3
Репасаж
Марија Милева – Вероника Брунори (Италија) 1-7

-61 кг
Магдалена Божиновска – Антеа Стилуану (Кипар) 5-2
Магдалена Божиновска – Матусија Јеикумаран (Норвешка) 8-1
Магдалена Божиновска – Кимберли Нелтинг (Луксенбург) 4-7
Репасаж
Магдалена Божиновска – Магдалена Годлевска (Полска) 1-3

+68 кг
Симона Симовска – Ксенија Лемеш (Белорусија) 3-4

-60
Абдурахим Идриз – Фернандо Делестал Химено (Шпанија) 3-5

-76 кг
Марио Свинарски – Кжиштов Шевцик (Полска) 4-4

-84
Бобан Џамѓозов – Глеб Андреев (Русија) 3-8
Репасаж
Бобан Џамѓозов –Садин Мулахалиловиќ (БиХ) 2-6

+84 кг
Бериз Куртановиќ – Владислав Буров (Русија) 3-1
Бериз Куртановиќ – Констатнтинос Папагеоргиос (Греманија) 10-2
Бериз Куртановиќ – Фарук Арслан (Турција) 0-1
Репасаж
Бериз Куртановиќ – Томас Коса (Словачка) 3-8

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON