Аркулета го надмудри Микс и ја освои титулата на Белатор 246

Хуан Аркулета со едногласна одлука на судиите го победи Патрик Микс на Белатор 246 во Конектикат и ја освои слободната титула во петел категорија.

На почетокот разменија удари, по што Микс ја пренесе борбата на партер, но Аркулета стана и го спречи следниот обид на Микс за уривање. Хуан нападна со удари, а Микс успеа да го собори и се обиде да го угуши, но не успеа. До крајот на рундата, Патрик се обиде да ја заврши борбата, но без успех.

Во втората рунда Хуан беше успешен во стој, но Микс повторно се заложи на соборување. На партер Микс имаше предност и зададе добри удари, но Хуан се опорави. Во третата рунда забележаа тешки удари од стој и се чини дека на Микс не му се допадна тоа. Хуан имаше подобри моменти на нозе и се врати во игра, како што можеше да видиме дека во првите две рунди тоа му недостасуваше. Во последните две Аркулет успеа да ги реализира најдобрите удари од стој и ги доби последните три рунди и покрај тешкотиите што ги доживеа на почетокот на битката.

Така, двајцата дојдоа до одлука што беше едногласна во корист на Хуан – (49-46, 48-47, 48-47). Со оваа победа Аркулета ја освои титулата во петел категоријата петел и влезе во серија од две последователни победи. Микс, пак, го загуби статутот на непоразен и ова е крај на неговата серија од 13 последователни победи.

Белатор 246 – Резултати:
Хуан Аркулета – Патрик Микс со едногласна одлука (49-46, 48-47, 48-47)
Неиман Грејси – Џон Фич со завршница 2, 4:47
Лиз Кармуш – ДеАна Бенет со завршница 3, 3:17
Кеони Дигс  – Дерек Кампос со завршница 3, 4:59

Даниел Мадрид  – Пат Кејси со поделена одлука (30-27, 28-29, 29-28).
Тај Гвердер – Џорџ Токос со ТКО 3, 1:05
Давион Френклин – Рас Хилтон со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27).

https://www.instagram.com/p/CFEDBPqjF_U/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON