Аркадиуш Вжосек: Бадр Хари повеќе не ми е идол!

Полската кик-бокс ѕвезда Аркадиуш Вжоск повеќе не го почитува Бадр Хари.

Тие водеа две битки во последната година. Во првата битка Хари доминираше и 3 пати го собори Вжосек. За негова несреќа Вжосек го удри и го нокаутира. Втората битка беше доста драматична.

Во неа, Хари ја освои првата рунда, но во втората беше испратен во тежок нокдаун. По втората рунда изби масовна тепачка меѓу навивачите и гала вечерта беше прекината. Глори подоцна ја прогласи битката за нерешена.

Организацијата го обвини Вжосек за масовната тепачка и го отпушти. Вжосек е слободен бопрец скоро 2 месеци. Вжосек за медиумите во Холандија го коментираше отказот и рече дека Хари повеќе не му е идол:

„Само 1 човек од Глори се интересира за мене, но не ми е гајле. Не рикав, откако ми беше раскинат договорот. Го очекував. Бев малку среќен затоа што ми ги отвори вратите на другите организации.

Ја изгубив почитта кон Бадр Хари по втората битка.

Не го почитувам по она што го направи во рингот, а подоцна и на социјалните мрежи. Можам да му посакам среќа. Тоа е се. Бадр Хари повеќе не е мојот идол“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arkadiusz Wrzosek (@arekwrzosek)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON