Арапите сакаат Џошуа да се бори со Вајлдер

Претседателот на Генералната управа за забава на Саудиска Арабија Турки Алалших ја објави својата желба да се одржи пресметка меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер. Дионтеј загуби четири од последните пет борби во кариерата.

Последната победа на Вајлдер дојде на 15 октомври 2022 година кога во првата рунда го нокаутира Роберт Хелениус. Оттогаш, Вајлдер загуби последователно, прво од Џозеф Паркер, а потоа во јуни минатата година од кинескиот боксер Жилеј Жанг.

Ентони Џошуа загуби со нокаут во петтата рунда од сонародникот Даниел Дубоа во последната борба, која се одржа во септември 2024 година, пропуштајќи ја шансата да ја освои светската титула на ИБФ. Тајсон Фјури се повлече од боксот и така пропадна опцијата за борба со Џошуа.

Сега Алалших сака Џошуа да го сподели рингот со Вајлдер.

„Ако зборуваме за британскиот пазар, сега би сакал да видам борба меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер. Ако Тајсон Фјури не е достапен, тогаш зошто да не ја има оваа борба“, рече Алалших за Токспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО