Апсолутен шампион се премисли за реваншот против Александар Усик: Тој е премногу силен за мене

Шампионот во тешка категорија Александар Усик се уште го бара својот следен противник. 38-годишниот Украинец ги одбрани титулите во ВБЦ, ВБА и ВБО во декември, постигнувајќи втора последователна победа на поени против Тајсон Фјури, зацврстувајќи се себеси како најдобра тешкаш во својата генерација.

Усик изрази желба да ја продолжи боксерската кариера наместо да се пензионира, а исто така изјави дека би сакал во одреден момент да се врати во полутешка категорија (200 фунти).

Непоразениот шампион во полутешка категорија Артур Бетербиев изјави дека би бил заинтересиран да се искачи во потешката категорија за да се соочи со Усик до 200 фунти (90,7 кг), што ќе биде реванш од нивната аматерска борба од 2007 година.

„Повторувам, од чисто спортска гледна точка, би бил заинтересиран за оваа борба“, изјави Бетербиев во декември „Секако, затоа што веќе сме се бореле на Олимпијадата и на Светското првенство како аматери. Тоа би било. Интересно е да се обидеме повторно.”

Меѓутоа, сега се чини дека руската ѕвезда се предомислила. Говорејќи за Фајт хаб ТВ Бетербиев беше прашан за потенцијален реванш со Усик и призна дека Украинецот е „премногу силен“ за него.

„Не, тој е премногу силен за мене, знаете. Тој е вистински тешкаш, премногу е силен, дури и да се врати во полутепка категорија. Тој е премногу добар“.

40-годишниот Бетербиев сега се подготвува за реваншот против Дмитри Бивол во пресметката за апсолутен шампион во полутешка категорија, кој ќе се одржи на 22 февруари во Ријад.

Бетербиев го победи Бивол во нивната прва средба минатиот октомври и сега сака да ја потврди својата доминација како најдобар во полутешка категорија во својата генерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО