Синоќа скопските боксерски клубови Аперкат, Кисела Вода и Нокаут одржаа заеднички тренинг, што е реткост во последно време во нашата земја.
Од овие клубови истакнуваат дека ова се прави со цел да имаат подобри спаринзи, како и разменување на искуство во тренажниот процес и учење на нови техники и нивната примена во борба.
Според нив, ова е формулата за успеси и најавуваат дека ќе ја продолжат соработката и ќе ја прошират и со други клубови.