Антонио Стојчевски се закити со сребрен, а Данил Николиски со бронзен на Балканското џиу џицу првенство

Антонио Стојчевски се закити со сребрен медал, а Данил Николиски со бронза на Балканското џиу џицу првенство во Питешти – Романија.

Македонската ризиница на медали сега брои три одличја откако Катерина Ацвеска вчера освои злато во сениорска конкуренција.

Малку фалеше и Зоран Колевски да освои медал, но поголемата конкуренција си го направи своето.

Ова голем успех на македонскиот џиу џицу спорт.

На Балканското настапуваат 1133 натпреварувачи од 23 држави.

Резултати – Балканско првенство:

У-18
борби

-62 кг
Зоран Колевски – Лионис Константинос (Грција) 9-17
Дабл елиминација три
Зоран Колевски – Милош Миљевиќ (БиХ)
Зоран Колевски – Патрик Борбаш (Унгарија) 50-0 (ипон)
Зоран Колевски – Стефан Чоровиќ (Црна Гора) 0-1 9.место

-69 кг
Антонио Стојчески – Андреј Драгичи (Романија) 50-0
Антонио Стојчески – Батиста Мано (Италија) 15-12
Антонио Стојчески – Давид Лукас Булгару (Романија) 50-0
Финале
Антонио Стојчески – Лазар Александру (Романија) 0-50

Сениори
борби

– 70 кг
Катерина Ацевска – Дијана Паску (Романија) 50-0
Катерина Ацевска – Мија Јокиќ (Црна Гора) 50-0

У-21
борби

+70 кг Катерина Ацевска

-56 кг
Данил Николиски – Денис Павел (Романија) 7-17
Данил Николиски – Франческо Линименто (Италија) 0-50
Данил Николиски – Разван Ника (Романија) 20-12

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО