На Европското џиу џицу првенство за кадети во Лранака, Кипар, Антонио Стојчески и Марија Треневска се седми.
Стојчевски во конкуренција од 23 натпреварувачи го освои високото 7-мо место, додека на Марија Треневска ова и е прво учество на Европско првенство и прво во новата категорија У18, со среќен жреб и сплет на околности го зазеде 7-мото место. Кај неа во категорија имаше 11 борци.
На ЕП учествуваат 1300 натпреварувачи од 29 држави.
Резултати:
У-18 -69 кг
Антонио Стојчески – Радослав Островски (Бугарија) 50-0 (ипон)
Антонио Стојчески – Јоанис Зимакис (Грција) 0-50
Антонио Стојчески – Армен Хованесијан (Франција) -10
У-18 +70 кг
Марија Треневска – Викторија Нигро (Италија) 0-50
Марија Треневска – Владана Поповиќ (Црна Гора) 0-50