Антонио Еспиноз е реизбран за претседател на Европската карате федерација (ЕКФ) на пленарната сесија на ЕКФ во Коџаели, Турција, з авреме на Европското првенство.
Еспиноз доби 42 гласа од националните федерации, едногласно, на Конгресот.
На Конгресот беше избран и нов Извршен комитет во кој влегоа: Урбан Андерсон – Шведска, Јашар Баширов – Азербејџан, Жири Бочек – Чешка, Стјепан Челан – Хрватска, Есат Делихасан – Турција, Франсис Дидие – Франција, Мајкл Динсдејл – Англија, Славољуб Пипер – Србија, Ирса Ранки – Финска и Вофганг Вајгерт – Греманија, а Еспиноз, како претседател на ЕКФ и ВКФ, се кооптира во ИК.
На првиот состанок Бочек е избран за прв потпретседател, а Дидие за втор, додека Вајгерт за трет. Генерален секретар и главен потписник остануваат Челан и Динсдејл.
Ipon.mk