Антонио Силва потпиша за организацијата на Хабиб

Хабиб Нурмагомедов потпиша договор со бразилската ѕвезда Антонио Силва. 41-годишниот Бразилец ќе се бори за ММА лигата на ѕвездата од Дагестан. Деби средбата на Бигфут ќе се одржи на 26 септември во Грузија.

Противник на Силва во тешка категорија ќе биде Давид Модзманашвили. Силва требаше да се бори во организација на Хорхе Масвидал на 11 септември против Алекс Николсон, но договорот со лигата на Нурмагомедов не го дозволува ова.

Силва има скор 19-13-1 во ММА и е во серија од 6 последователни порази. Тој е поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ, а во јуни загуби со нокаут од Домингос во Србија. Антонио се надева дека ќе може да се бори за Масвидал во ноември.

Бигфут нема победа веќе шест години и победи на 17 средби со нокаут, а 11 пати беше нокаутиран. Силва оствари нокаут победи над Федор Емелијаненко и Алистер Оверем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON