Френсис Нгану на почетокот на годината го напушти УФЦ, а потоа реши кариерата да ја продолжи во ПФЛ, во ММА организацијата за која се натпреварува и хрватскиот борец Анте Делија.
Поранешниот шампион на УФЦ дебитираше во боксерскиот ринг против Тајсон Фјури на крајот на октомври и ги воодушеви љубителите на боксот и покрај тоа што загуби со поделена одлука.
Камерунецот покажа дека одлично се носи во рингот, а посебно ќе се памети ситуацијата од третата рунда кога го испрати шампионот на ВБЦ во нокдаун.
Нгану следната година би требало да се врати во октагонот, а ПФЛ му подготвува супер борба, но се уште не се знае кој ќе биде противникот.
Меѓу потенцијалните кандидати се и минатогодишниот шампион Анте Делија и најдобриот сезонава Ренан Фереира.
Хрватскиот борец одговараше на прашања преку својата приказна на Инстаграм, а еден навивач се интересираше дали ПФЛ ќе организира борба меѓу него и Нгану.
„Се надевам. Подготвен сум“! – напишал Анте, а на прашањето дали повеќе би сакал да се бори со Нгану или со шампионот на Белатор, тој одговори:
„Сакам да бидам најдобар на светот и можам да бидам само ако го победам Френсис“.