Анкалаев нема да се бори за титула! Дали го договораат мечот Переира – Аспинал?

Магомед Анкалаев во следната борба нема да се бори за титулата. Веста доаѓа од Ризван Магомедов, кој е негов менаџер.

Ризван откри дека УФЦ има планови за Алекс Переира кои не вклучуваат борба со Дагестанецот. Магомед е најизвесен кандидат за титулата во полутешка категорија, но очигледно Алекс нема да го брани појасот во следната борба. Ова ги наведе навивачите да веруваат дека УФЦ повикува на борба меѓу Бразилецот и Том Аспинал за привремената титула во тешка категорија.

Во меѓувреме, Анкалаев беше принуден да прифати уште една борба, која нема да биде за титулата. Магомедов не откри кој ќе биде противник на Анкалаев:

„Ја чекаме борбата меѓу Анкалаев и Переира на почетокот на 2025 година. Во тоа време треба да се случи оваа битка. Се согласувам дека Анкалаев не треба повеќе да се бори во ниедна борба освен за титулата. Но, сега организацијата има други планови за Алекс Переира. Затоа, за да не стагнираме, прифативме уште една битка“, изјави Ризван.

Доколку Переира не го одбрани појаост против Анкалаев, тоа значи дека во следната борба ќе се искачи во тешка категорија. Аспинал неодамна за 60 секунди го нокаутира Картис Блејдс во одбрана на привремената титула. Том е принуден да ја чека борбата меѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ, кои ќе се борат во ноември во Њујорк.

Можеби Переира и Аспинал ќе бидат конасловна битка на Џонс – Миочиќ. Дана Вајт и Аспинал потврдија дека Том ќе биде резервна варијната на Џонс и Стипе. Ова укажува дека ако се борат со Переира, тоа ќе се случи во ноември во Медисон сквер гарден. Сè уште ништо не е официјално, но говори фактот дека Анкалаев нема да се бори за титулата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON