Анкалаев го победи Ракиќ, но за поразот е виновен и аголот на Александар

Магомед Анкалаев го победи Александар Ракиќ, но голема вина за поразот има аголот на Ракиќ, бидејќи на паузата меѓу втората и третата рунда го советуваа дека води. Александар наместо да тргне во напад, тактизираше со што му овозможи на Анкалаев да ја добие третата рунда и да слави.

Тие се бореа во борба во полутешка категорија во главната карта на УФЦ 308 што се одржа во Абу Даби. Магомед одлучи да не се обложува на борење и се бореше во стој. Постојано го бркаше Ракиќ и го победи со одлука – (29-28 29-28 29-28).

Ова за Анкалаев е 11-та последователна победа, кој се наметна како неприкосновен предизвикувач за титулата на Алекс Переира.

По бобрата го предизвика и го прозва да престане да бега од него. Ракиќ го забележа третиот пораз по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО