Дагестанскиот борец, Магомед Анкалаев, е новиот УФЦ шампион во полутешка категорија, откако на синоќешниот спектакуларен УФЦ 313 во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите го совлада славниот Алекс Переира.
Иако важеше за аутсајдер, тој доминираше во текот на целата борба. Во втората рунда беше на чекор до нокаут, но времето го спаси Бразилецот. Переира успеа да ги издржи сите пет рунди, но на крајот не можеше да го избегне поразот.
Анкалаев е трет голем шампион во УФЦ од руската република Дагестан, по Хабиб Нурмагомедов и Ислам Макхачев.
A strong end to Round 2 for the challenger 👀@AnkalaevM | #UFC313 pic.twitter.com/6A45hoJ259
— UFC (@ufc) March 9, 2025
Но, оваа борба, барем според фановите и оние кои сето тоа го следеа во живо, не ги оправда очекувањата. Знаеше да се слушне и исвиркување од трибините, барајќи многу повеќе акција и возбуда во рингот, но присутните не го добија тоа.
„Бегаше од мене 20 минути. Со задоволство би прифатил реванш. Можеби ќе сака да се бори во реваншот, изјави Анкалаев по борбата и со тоа го предизвика Бразилецот на нова борба“.
По оваа победа, тој има биланс од 20 триумфи, од кои 10 се со нокаут, со еден пораз, едно реми и една поништена борба. Ова беше негова 14. борба без пораз. Последен пат загуби во 2018 година од Шкотланѓанецот Пол Крег.
Во конасловната борба, по вистинска војна во октагонот, Џастин Гејџи со едногласна одлука на судиите го совлада Рафаел Физиев. Тоа беше втора победа на Американецот над Рафаел.
Треба да се издвои големата победа на Маурици Руфи. На почетокот од главната програма Бразилецот со одличен нокаут го совлада Кинг Грин.
Резултати од УФЦ 313:
Магомед Анкалаев – Алекс Переира (в) – едногласна одлука (49–46, 48–47, 48–47)
Џастин Гејџи – Рафаел Физиев – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28)
Игнацио Бахамондес – Џејлин Тарнер – завршница (триаголник), Р1 (2:29)
Аманда Лемос – Јасмин Лусиндо – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28)
Маурицио Рафи – Кинг Грин – КО (удар на тркалото), Р1 (2:07)
Воведни борби:
Џошуа Ван – Реи Цуруја – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Бруно Фереира – Армен Петросјан – завршница (триаголник на раката), Р2 (4:27)
Карлос Леал деф. Алекс Мороно – ТКО (удари), 1. коло (4:16)
Мејрон Сантос – Френсис Маршал – поделена одлука (27–30, 29–28, 29–28)
Ози Дијаз – Џорден Рибеиро дос Сантос – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).