Британскиот ММА борец Џек Калшоу победата над Зак Едвардс во Јорк си ја претвори во трагедија.
Калшоу го победи Едвардс со нокаут и сакајќи победата да ја прослави на атрактивен начин, се качи на оградата, за потоа да падне и ги повреди двете нозе, по што се откажани сите негови мечеви.
Од падот има сериозни повреди на колената и скинати лигаменти на двете нозе.
,,Веднаш почуствував дека ми падна пателата од коленото. Но , не сакав да се види дека имам болки и направив колут напред. Но , кога застанав, знаев дека нешто сериозно не е во ред“, вели 21-годишниот ММА борач.
https://www.facebook.com/ProperSportRadio/videos/209327196618324/
Тој се надева дека наскоро ќе се врати во кафезот, а неговиот тренер Нил Веин не смета на него оваа сезона. Британските медиуми прославата на Калшоу ја прогласија за глупост на месецот.