Ангела Мојсовска седма на ЕП, Петар Спасеновски има за што да жали

Петар Спасеновски можеше да стигне до борба за медал, но нијанси и судиска контроверзност не му овозможија да ја израдува македонската јаност со одличје од Европското карате првенство за сениори во Ереван, Ерменија.

Клучната борба со Валери Чоботар од Украина заврши 3-3, иако Петар водеше 3-1 на 4 секунди до крајот, но судиите при доделувањето на поените беа наклонети кон Украиенцот и поради прв освоен поен отиде понтаму и се пласира во финалето.

Во репасажот Спасеновски повторно борбата ја заврши нерешено против Германецот Јане Хауболд 5-5 и пак првиот освоен поен пресуди. Во вкупниот пласман нашиот репрезентативец е 9-ти.

И Ангела Мојсовска настапи во репасажот при што во борбата со Дуња Рујиќ од Србија славеше 4-3, а во мечот кој ја водеше до борба за бронзениот медал загуби од Садеа Бечировиќ од Хрватска со 1-5, Мојсовска го освои 7.место, а тоа е најдобар пласман на наш репрезентативец по првиот ден на ЕП.

Стефан Стојановиќ втората борба ја заврши 0-0 со Немања Јововиќ од Црна Гора, во судиско прегласување Црногорецот ги продолжи борбите.

Вероника Костовска, Верона Зибери и Мурсел Месини загубија во првите средби, како и Владанка Аврамова во кати.

Во Ерменија учествуваат најдобрите 500 спортисти од 51 држава.

Да потсетиме дека лани Михаела Мишовска се закити со сребрениот медал од Европското првенство во Задар, Хрватска.

Резултати – Европско првенство сениори:

Борби

-61 кг
Вероника Костовска – Нина Раѓеновиќ (Швајцарија) 0-3

-68 кг
Ангела Мојсовска – Влера Ќерими (Косово) 2-1
Ангела Мојсовска – Ханах Ридел (Германија) 0-2
Репасаж
Ангела Мојсовска – Дуња Рујиќ (Србија) 4-3
Ангела Мојсовска – Садеа Бечировиќ (Хрватска) 1-5

+68 кг
Ердона Зибери – Ана Рита Оливеира (Португалија) 3-4

-75 кг
Мурсел Месини – Даниеле де Виво (Италија) 0-2

-84 кг
Петар Спасеновски – Хендрик Конфијак (Франција) 2-1
Петар Спасеновски – Валери Чоботар (Украина) 3-3
Репасаж
Петар Спасеновски – Јане Хауболд (Германија) 5-5

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Александер Девиес (Луксенбург) 2-0
Стефан Стојановиќ – Немања Јововиќ (Црна Гора) 0-0

Кати
Владанка Аврамова – Марија Манум Моен (Норвешка) 36,40-37,20

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON