Во дебитантскиот настап Ангела Мојсовска (-61 кг) го освои петото место на Европското карате првенство за сениори во Нови Сад, Србија.
Ова е голем успех за младата репрезентативка од редовите на Макпетрол. Таа во борбата за бронзениот медал загуби 0-3 од Ивона Чавар од Босна и Херцеговина.
Денеска во 18:25 часот Емил Павлов се бори за златниот медал.
Резултати
+68 кг – 37
Ангела Мојсовска – Ема Греч (Малта) 4-2
Ангела Мојсовска – Викторија Исаева (Русија) 0-0
Ангела Мојсовска – Дарија Орзечовска (Полска) 0-0
Ангела Мојсовска – Ирина Заретска (Азербејџан) 0-7
За бронза
Ангела Мојсовска – Ивона Чавар (Босна и Херцеговина) 0-3
Ipon.mk