Андреја Лешки ја освои титулата до 63 килограми на турнирот во џудо и го донесе првиот медал на Словенија

Андреја Лешки ја освои титулата до 63 килограми за жени на Олимпискиот турнир во џудо, носејќи и го првиот медал на Словенија во Париз 2024 година.

Лешки заостануваше на стартот од финалето против Мексиканката Приска Алкараз, но по 1:44 минути запиша два „вазари“ и „ипон“. Словенката е актуелен европски шампион и двократен светски вицешампион.

Лешки ја забележа својата најголема победа во полуфиналето кога го доби долгоочекуваниот реванш против Французинката Кларис Агбенену. Словенката загуби две финалиња на светските првенства против олимписката шампионка, вклучувајќи го и последното, но ја симна од тронот пред преполната куќа во нејзината татковина со „вазари“ на 15 секунди до крајот. Агбенену беше тежок фаворит во категоријата, бидејќи освен олимписка шампионка, таа е и шесткратен светски и петкратен европски златен медалист.

Алкараз го освои првото сребро за мексиканската делегација која има и еден бронзен медал во стрелаштво. Третите места во категоријата ги освоија Агбенену и Лаура Фазлиу од Косово.

Џудо, категорија до 63 кг, жени:

  1. Андреја Лешки (Словенија)
  2. Приска Алкараз (Мексико)
  3. Кларис Агбенену (Франција) и Лаура Фазлиу (Косово)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО