Андреј Басаров: Напорната работа со тренерите Сашко и Жарко Арсовски се исплати

„Напорната работа со моите тренери Сашко и Жарко Арсовски се исплати. Искрено да кажам уште кога тргнав од Штип за Тампере имав цел да влезам во финале и да победам, иако ми е прв настап на Европско првенство“, вели носителот на сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21, Андреј Басаров.

Басаров не изгуби ниту борба ниту поен, туку судиите одлучија со изјаснување кој ќе биде европски шампион. Борбата на Басаров во финалето против Азербејцанецот Нихад Каримзада  заврши нерешено 0-0.

За патот до финалето и за самото финале Андреј вели:

„Успеав да ги декласирам моите противници до финалето без да изгубам поен и да влезам во финале. Финалето заврши со нерешен резултат, без да изгубам поен, но судиите одлучија европската титула да ја доделат на Азејберјанецот“.

Басаров изразува голема благодарност до тренерите.

„За крај, сакам да им се заблагодарам на моите тренери Сашко и Жарко, исто така и на мојата фамилија за големата поддршка и на моите клупски другари од КК Штип од Штип“.

Андреј на младите сакам и порачува да тренираат карате бидејки КАРАТЕТО Е ЖИВОТ.

За идните планови Андреј искажува оптимизам и неуморна работа.

„Уште еднаш благодарам, а кога ќе пристигнам во Штип веднаш продолжувам со работа во сала за следните предизвици“.

Резултати

+70 кг
Андреј Басаров – Екторас Пергантс (Грција) 2-0
Андреј Басаров –Александру Гулас (Романија) 3-0
Андреј Басаров – Тимоте Дугладѕе (Грузија) 1-0
Финале
Андреј Басаров –Нихад Каримзада (Азербејџан) 0-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON