Андреа Нисева утре ги почнува борбите на „Кроација опен“

Андреа Нисева настапува на Меѓународниот турнирт за У-17 „Кроација опен“ во Загреб кој почнува утре.

Нисева, која настапува во составот бугарската репрезентација, е во група со борачки од Унгарија, Хрватска и Србија, а во четвртфиналето ќе се бори со Унгарката Цегелди Е.

Интересно е што Цегелди е европска медалистка во 2022 година, а Нисева во 2023-та, па ова е на некој начин финале пред финалето. Од друга страна, Србинката Грубешиќ М. е победничка на неколку балкански првенства.

Сепак, ова е добар тест за Андреа која минатата недела на „Клипан лејди опен“ во Шведска во категоријата до 65 килограми беш во група со четири медлистки и го освои сребрениот медал. Во Загреб Нисева ќе настапи во нејзината категорија до 61 килограм.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО