Андреа Нисева постигна голем успех, освои бронзен медал на Европското првенство во У-15 во Капошвар, Унгарија, по победата над Јулија Гибалска од Полска.
Нисева го потврди талентот што го има, но, за жал, медалот не е за Македонија. Сепак, борачката на Олимпија од Штрип треба да биде горда на медалот и благодарна што и беше дадена шанса да се бори на репрезентативно ниво.
Ќе потсетиме дека Нисева од штипска Олимпија настапува за Бугарија, поради суспензијата на клубот и недоразбирањата со нашата федерација.
Првите честитки пристигнаа од сограѓанинотр на Нисева, олимпиецот Зоран Шоров.
Резултати на ЕП:
54 кг
Андреа Нисева (Бугарија) – Бегум Дикиџи (Турција) 12-7
Андреа Нисева (Бугарија) – Миранда Капанадѕе (Грузија) 1-4
Репасаж
Андреа Нисева (Бугарија) – Полина Посохова (Независна) 7-0
За бронза
Андреа Нисева (Бугарија) – Јулија Гибалска (Полска) 4-4