Андреа Нисева Стара Нова година ќе ја пречека во Тетевен, Бугарија, бидејќи од денес до 23 јануари ќе биде на подготовки со сениорската екипа на Бугарија која ќе се подготвува за Меѓународниот турнир „Дан Колов“ кој ќе се одржи од 23 до 26 јануари во Варна.
„Дан Колов“ е еден од најсилните турнири во светот.
Од 29 јануари до 21 февруари Нисева повторно е на подготовки, оттаму ќе замине на Меѓународниот турнир за кадети (У-17) „Хрватска опен“ во Загреб, од 21 до 23 февруари. Фактички, тоа ќе биде нејзиниот прв тест во 2025 година.