Андреа Нисева од вчера е на подготовки во Сливен, Бугарија. Подготовките ќе се одржуваат до 7 април.
Фактички ова се завршни подготовки за Европското сениорско првенство за жени во Братислава, Словачка, од 7 до 13 април, при што таа е спаринг партнер на светската првенка Билјана Дудова.
Андреа настапува за репрезентацијата за Бугарија со надеж дека ќе може да настапува за македонската репрезентација.