Љубоморната девојка, бугарска пејачка, Кубрат Пулев, Андреа, пред мечот на Владимир Кличко со Брајант Џенингс во јавноста пред една недела излезе со твредење дека Украинецот е бисексуалец.
Да потсетиме дека Пулев на 15 ноември минатата година беше нокаутиран од Кличко во петтата рунда.
Андреа во разговор за бугарска телевизија излезе со свои видувања на мечот, и на рингот и околу рингот.
– Имаше многу заткулисни работи, но тоа е разбирливо кога во прашање се големи пари. Во боксерските кругови се зборува дека Владимир е бисексуалец, односно дека бил во хомосексуална врска со својот тогашен менаџер Бернд Боенте – изјави 28-годишната поп-фолк пејачка Андреа.
Инаку, Кличкоја има ќерката Каја-Евдокија со американската актерка, Хајден Панетир.
За свадаба не размислуваат и се уште го имаат статусот на свршеници.