Андре Ворд изјави дека ќе смести „силеџијата“ Серегје Ковалев таму каде што му е местото кога ќе се сретнат на 19 ноември во Лас Вегас.
Ворд призна дека гледал само еден натпревар на Русинот до овој момент, но јасно стави до знаење дека не е загрижен од агресивниот пристап на Ковалев, како на рингот, така и надвор од него.
До овој момент Серегеј Ковалев нокаутира 26 од 30-те „жртви“ во рингот, но Андре Ворд е сигурен дека ќе биде првиот човек кој ќе слави против него.
„Сакам да го одведам таму каде што тој никогаш не бил до сега. Не ми се допаѓа насилници, не го поддржувам тоа и никогаш не сум бил жртва на таквите луѓе. Тоа нема да се промени и во овој натпревар. Ќе сфатат дека нема да се случи она што мислат. Ќе биде однесен на места на кои не бил“.
„Тој се уморува на своите мечеви и често станува нервозен, кога нешто не е во негова корсит. Издржливоста пак е мојата голема сила. Никогаш не ги тргам нозете од педалата кога се подготовувам, поради што секогаш се борам во најдобра форма“.
И двајцата боксери немаат порази во кариерата до овој момент, единствената разлика меѓу двајцата е што „Крушер“ Ковалев има еден нерешен резултат против Гровер јанг во 2011 година.