„Подготовките во Јалова, Турција, може слободно да се каже дека пеколни во мала бара полна крокодили“, вели тренерот на Андреа Нисева, Методи Сичков
На подготовките во Јлаова има борачки од Украина, Молдавија, Бугарија, Грција Турција, Македонија.
„Од околу 30 спортисти 20 се медалистки од европско или светско првенство, и тоа на 3 до 5 пати пласирани највисоко во светското и европското боренје за У-15, У-17 и У-20. Условите се идеални. Нешто што ретко се гледа. Хотелот е на Боречката федерација на Турција кој е со термална вода, базени, односно идеални услови за спортист“, вели Сичков.
Нисева на Државното првенство на Бугарија го освои првото место и веднаш замина на подготовки во Турција.