Андре Мунис му ја скрши раката на Жакар Соуса со лост на рака (ВИДЕО)

Андре Мунис го шокираше сонародникот Жакар Соуса со победа во првата рунда. Мунис, кој е 10 години помлад од Соуса, се бореше со легендата во главната битка на воведниот дел на УФЦ 262 во Тексас.

Тие се бореа во средна категорија. Пред мечот Андре изјави дека е подобар граплер од Жакар, што очигледно ја разгневуви 41-годишната легенда. На почетокот на битката двајцата си разменија удари во телото. Жакар успеа да ја пренесе борбата на партер, при што зададе тешки удари.

Андре успеа да стане и да ја пренесе борбата на земја. Жpакар исто така стана, но Мунис повторно го собори на земја. Влегуваат во клинч, каде што Мунис се качува на грбот на неговиот сонародник.

Соуса се обидува да се ослободи од него, а Мунис успева да му направи лост на рака, со што му ја скрши раката на легендата во последната минута од рундата. Со оваа победа, Мунис влезе во серија од 7 последователни победи и посака борба со борец од првите 15 од средната категорија.

Жакар Соуса влезе во серија од 4 последователни порази за прв пат во кариерата. Алигатор доби само една од последните шест борби во УФЦ и скоро сигурно ќе биде отпуштен од организацијата.




ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON