Деметриус Андраде по четврти пат ја одбрани светската боксерска титула. Американскиот борец го победи Британецот Лиам Вилијамс на настанот на Мечрум во Флорида.
Андраде со одлична тактика стигна до триумфот, а во втората рунда Вилијамс заврши на партер, но се опорави и мечот го заврши на нозе. На крајот, судиите немаа проблеми со бодувањето и едногласно му ја дадоа победата на шампионот (118-109, 118-109, 116-111).
Американецот сега може да се надева на дуел против еден од преостанатите шампиони. Можно е да се сретне со шампионот на ВБЦ, Жармел Шарло, кој во јуни има договорено одбрана на титулата против Хуан Монтиел.
Таборите на другите двајца шампиони Рјота Мурата (ВБА) и Генади Головкин (ИБФ) се обидуваат да го договорат својот дуел за крајот на годината, а тие во меѓувреме ќе избоксираат меч против послаби боксери.
На истиот настан, Карлос Гонгора го победи Кристофер Пирсон со прекин во осмата рунда, во борба чиј победник ја освои титулата на ИБО во супер средна категорија.
Андреј Федосов направи изненадување, откако во првата рунда го победи поранешниот трикратен аматерски шампион во супер тешка категорија и носител на бронза Махамадрасул Маџидов.
Погледнете ги најдобрите моменти Мечрум бокс настанот во видеото: