Легендата Андерсон Силва планира да се повлече од спортот за три години. 46-годишниот ветеран доби отказ од УФЦ и одлучи да се врати во боксот. Се справи со Хулио Чавез во неговото враќање на рингот по 16 години отсуство од боксот.
Андерсон успеа да импресионира многу луѓе и победи со одлука на судиите. За неколку дена Андерсон ќе се врати во рингот и ќе се бори со Тито Ортиз на Флорида. Средбата е закажана во 8 рунди.
Во интервју за Мидл изи, Силва зборуваше за својата иднина.
„Мојата цел е да ја направам последната борба на 49 -годишна возраст. Веројатно ќе завршам со спортот на 49 години. Ќе се борам уште 3 години и ќе завршам на 49 години. Ова е бројката.
Можеби се уште можам да се борам, но мојата цел е да завршам на 49. Нема повеќе да се борам. Сега сум во добра форма. Мило ми е што влегувам во салата и учам нови работи“, рече Силва.
Андерсон има скор 2-1 во бокс и 34-11-1 во ММА. Тој е во серија од 3 последователни порази во ММА и победи само на 1 од последните 9 борби.