Андерсон Силва: Синот ќе ме надмине (ВИДЕО)

Минатиот месец, синот на легендата Андерсон Силва дебитираше во борба според правилата на мај тај. Габриел Силва се сретна со Ник Наваро на ВЦК/WCK 35 и го нокаутира во втората рунда. 20-годишниот Габриел напредува брзо и во интервју за ТМА, Андерсон разговараше и за потенцијалот на неговиот син, кој има светла иднина во боречките спортови.

„Тој има светла иднина во спортот. Не можам да кажам дали ќе оди во УФЦ затоа што одиме чекор по чекор. Се разбира, има потенцијал да ме надмине во спортот. Тој стана толку добар што понекогаш ме совладува на спаринг меч“, вели постариот Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON