Легендарниот Андерсон Силва го предизвика Конор Мек Грегор кој загуби од Хабиб Нурмагомедов по одличната борба на УФЦ 229 во Лас Вегас,
Мек Грегор по поразот од Хабиб рече дека сака да се бори против Силва, а бразилскиот борец за медиумите изјави дека ја прифаќа неговата понуда.
„Ја прифатив неговата понуда. Мислам дека Дана Вајт мора добро да размисли, зашто станува збор за две легенди“, истакна Силва.
Но, се поставува прашањето во која категорија ќе се борат двајцата натпреварувачи.
„Мислам дека 81,6 кг е во ред. Ова е супер борба, па така не е сè во тежината“, кажа Силва.
Сепак, треба да се очекува и реакцијата на првиот човек на УФЦ, кој ќе каже дали ќе има ваква пресметка во рингот.
Силва и варијанта Б – Ник Дијаз.