Анамарија Георгиевска (-62 кг) беше на дофат на медалот на Европското првенство за млади сениори – У-21, иако се уште е јуниор. Во борбата за медал, најмалку бронзен, водеше рамнопрвана борба во до самиот крај во третата средба со репрезентативката на Турција Икра Кајер и на крајот го изгуби медалот. Сепак, и ова е голем успех за Георгиевска.
И наку таа во вторто коло, од каде што стартуваше, ја победи Украинката Јулија Коржавина, а потоа и Русинката Дијана Павленко.
„Медалот од раце ни избега“, велат од нашата репрезентација. нагчасувајќи дека Анамарија има само 17 години.
Филип Додевски (-80 кг) го совлада Милош Пилиповиќ (Норвешка), но загуби од претставник на Турција.
Утре настапува нашата најголема надеж Дејан Георгиевски (+87 кг) кој се среќава со Русинот Вадим Мелников, додека Христијан Спасовски чека на победникот од Бртитанија и Турција.
Ipon.mk